"Мора да има поедноставен начин."
Кога ја планиравме нашата свадба, сè правевме сами — од собирање информации за гостите и споделување новости, до одговарање на бескрајни прашања и следење на сите детали. Она што го замислувавме како интересен и лабав период, некако се претвори во стрес, притисок и премногу информации на сите страни.
Од лично искуство
Кажи Да настана од нашето лично искуство со планирање свадба без планер, без алатка за буџет и со силна желба сè да биде организирано. Сакавме решение што е модерно, лично и лесно за користење — не комплицирано, не застарено и дефинитивно не стресно.
Јадрото на идејата
Јадрото на Кажи ДА е всушност идејата за инспирирање на парови. Веруваме дека секој пар заслужува вистински алатки со кои ќе носи сигурни одлуки, ќе остане организиран и ќе ја планира својата свадба на начин што претставува нив самите — без притисок, преоптовареност и непотребен отпад.